Фудбалерот на Барселона и членот на шпанската репрезентација, Жерар Пике и популарната поп пејачка Шакира ќе се разведат и ќе го прекинат заедничкиот живот.
Колумбиската пејачка го загубила трпението со Пике, кој често слободното време помеѓу професионалните обврски го користел за игрите на среќа.
Неодамна, Барселона јавно го критикуваше фудбалерот, кој доби и парична казна, но очигледно тоа не вродило со плод.
Пике одново е во центарот на светска јавност, откако недела дена претходно беше во фокусот поради референдумот во Каталонија.
Фудбалерот и пејачката се венчаа 2011 година, а во бракот имаа две дечиња.
OhridNews