Фудбалерот на Барселона, Жерард Пике беше исвиркан од гледачите на трибините во Мадрид за време на мечот меѓу домашниот тенисер Давид Ферер и Казакстанецот, Михаил Кукушкин. Фудбалското ривалство помеѓу Мадрид и Барселона е големо, а една од причините за разгореното ривалство последниве години е причина токму Пике кој отворено ги критикува „кралевите“ на социјалните мрежи.
Судијата поради свирежите и скандирањето „Хала Мадрид“ мораше за момент да го прекине натпреварот кој на крајот му припадна на Ферер во три сетови. Пике остана смирен на провокациите, но стана јасно дека тој е не е омилен ниту како туриста во Мадрид.
OhridNews