Ракометарите на Охрид во рамки на 14 коло од Супер лигата во сабота, 29 ноември, ја пречекуваат екипата на Вардар.

Вардар во моментов е најдобрата екипа во македонската Супер лига, немаат изгубено ниеден бод. Верувам дека имаме квалитет и навивачи зад нас за да дојдеме до победа против Вардар во сабота. Ќе дадеме се од себе за тоа да го оствариме, изјави голманот на ГРК Охрид Кристијан Пилиповиќ.

Натпреварот се игра во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 18 часот.

OhridNews