Ракометарите на Охрид во рамки на Ф4 турнирот од Купот на Македонија во петок играат со екипата на Еурофарм Пелистер.

Се радуваме на овој турнир, ова е наша прва прилика за освојување трофеј. Ривалите ни се на врвно ниво, а полуфинале против екипа од Лигата на шампиони претставува голем предизвик. Ќе дадеме се од себе да создадеме шанса за да продолжиме понатаму и да ја искористиме, изјави голманот на ГРК Охрид Кристијан Пилиповиќ.

Натпреварот се игра во салата „Парк“ во Струмица со почеток во 17 часот.

Полуфиналниот натпревар помеѓу екипите на РК Алкалоид и РК Вардар се игра во сабота од 20 часот, додека финалниот натпревар ќе биде одигран на 19 април, недела, со почеток во 19 часот.

OhridNews