Управата за јавни приходи почна со спроведување на Пилот проект за електронско известување на даночниот обврзник за статусот на неговото Барање за издавање на уверение/потврда за платени даноци и придонеси.

Пилот проектот во оваа фаза се спроведува само за поднесените барања во даночните канцеларии на УЈП во Скопје,  а се планира во иднина да се прошири и во другите шалтери низ Републиката.

– Земајќи предвид дека за издавањето на ваквите типови на документи, на даночниот обврзник му е потребен брз и лесен пристап до даночните услуги, со воведувањето на новата услуга правиме уште еден чекор кон олеснување на даночната процедура, заштеда на време и трошоци на граѓаните и бизнисите, велат од УЈП.

OhridNews