Колумбиецот Хорхе Луис Пинто (61), реши да поднесе оставка на функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Костарика. Пинто се решил на ваков чекор откако имал недоразбирања со челниците на Фудбалскиот сојуз на Костарика.

Колумбиецот кој со репрезентацијата на Костарика беше вистински хит на СП во Бразил, каде стигна до четвртфиналето, заминал од функцијата откако челниците на Сојузот не му дозоволиле тој да си ги избере помошниците во стручниот штаб.

„Доколку не смеам да одлучувам околу тоа кој ќе бидат мои помошници, тогаш немам причина да останам“, изјавил Пинто.

Костарика на неодамна завршеното СП најпрвин ја мина ’групата на смртта’ со победите над Уругвај (3-1) и Италија (1-0) и ремито со Англија (0-0), потоа во осминафиналето на пенали беше подобра од Грција, за во четвртфиналето по пенал рулетот да биде елиминирана од Холандија.

“макфакс“

X