По пат на јавна берзанска аукција во пет последователни денови на тргување на Македонската берза, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) од 22 август ќе понуди на продажба обични акции во 9 компании, приоритетни акции во 33 компании и удели во 12 компании.
Според најавите, ПИОМ освен своите удели во „Минов-компани“ (15,9 отсто од вкупниот капитал), „Сервис хартија“ (15 отсто), Оризо комерц“ (9,99 отсто), „Униус промет“ (1,54 отсто), „Шарпромет“(3,82 отсто), „Ерен“ (15,02 отсто), „Бизнис МАК“ (15 отсто), „Ставроски“ (10,98 отсто), Металски центар „8-ми октомври„ (18,89 отсто), „Солидарност (11,32 отсто), „Еврокап“ (15 отсто), ќе продава и 15% од вкупниот капитал на Радио Охрид .
Во истиот период ПИОМ ќе ги продава и приоритените и обични акции кои ги поседува во неколку македонски компании.
извор: Makfaks











