Пионерите на ГРК Охрид го освоија второто место на Ф4 турнирот што се одржа викендов во Скопје.
Охридските ракометни надежи по драматичната победа во полуфиналето над Е. Пелистер со гол од завршниот удар, во финалето од Пионерската лига загубија од Алкалоид 28:20.
Покрај пионерите, пласман на Ф4 турнирот обезбедија и кадетите на ГРК Охрид.
OhridNews
Фото: ГРК Охрид I OhridNews














