Пионерскиот состав на ГРК Охрид во машка конкуренција и во ревеншот беше подобар од ГРК Тиквеш и обезбеди пласман на завршниот турнир во првенството кој ќе го даде новиот шампион на Македонија.

По победата во Кавадарци со 5 гола разлика, пионерите на Охрид вчера во салата “Билјанини извори” славеа со 29:17 и заслужено се пласираа на завршниот турнир.

Можност за пласман на Ф4 турнирот имаат и кадетите на ГРК Охрид кои денеска го играат возвратниот натпревар од четвртфиналето со Вардар во Скопје. Охрид има предност од 8 гола од првиот меч одигран во “Билјанини извори”.

Г.М.