Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродорм, во вистински момент, со победата во Љубљана, ја прекинаа серијата од четири последовни порази во АБА лигата.

МЗТ забележа победа над Олимпија со 64:60, што преставува прв триумф за новиот тренер на “штрковите“, Алеш Пипан.

„Задоволни сме од оваа победа. Знаевме колку ќе биде тешко да се победи Олимпија, која вечерва одигра лошо, а ние бевме подобри од минатиот натпревар. Олимпија има свои пробелми, а згора на тоа и не потценија. Во секој случај нашата победа е заслужена, честитки до моите играчи, не очекува уште многу работа за да бидеме вистински тим“, изјави тренерот на МЗТ, Алеш Пипан.

МЗТ по седум кола во Јадранската конкуренција има три победи (Цибона, Широки, Олимпија) и четири порази (Будуќност, Раднички, Сплит, Црвена ѕвезда).

Во следното коло, на 11. ноември, македонскиот првак ќе ја пречека Цедевита во арената „Борис Трајковски“.

“Макфакс“