Со минимален пораз 81-80 од Црна Гора македонската кошаркарска селекција ја започна европската авантура во Словенија. Покрај очигледната судиска грешка селекторот Алеш Пипан смета дека кошаркарите направиле премногу грешки што резултирраше со пораз.


– Во поголем дел од мечот игравме многу добро, но во последниот дел кога требаше да останеме цврсто на земја ние без потребно направивме еден куп грешки што не чинеа пораз – рече Пипан.

Селекторот се надворза на спорната ситуација која стави црна дамка на победата од Црна Гора.

– Сите се видоа добро е да се прегледа уште еднаш и да се донесе одлука. Јас од клупата го забележав тоа, а незнам како не го видоа судиите кои се под кошот – заврши селекторот.

Во втората рунда Македонија ќе се сретне со Литванија, која пред две години ја покоривме кон патот од историското четврото место.

Мх.П.