Францускиот репрезентативец Пол Погба котира високо на трансфер листата на Манчестер Јунајтед за следната сезона.
Фудбалерот на Јувентус порано беше дел од тимот на „ѓаволите“, но Сер Алекс Фергусон многу лесно се одлучи да го пушти да замине од екипата.
– Јас не можам да го замислам во дресот на Манчестер Јунајтед бидејќи од него тие многу лесно се ослободија без да му дадат вистинска шанса. Играчите не така брзо забораваат кога клубот нема да ти пружи прилика да ги покажиш своите можности – рече Андреа Пирло.
Менаџерот на „ѓаволите“ Луис ван Гал подготви понуда од 70 милиони евра за услугите на Погба, но веднаш се в мешаа Реал Мадрид и Челси кои можат да ја зголемат понудата.
Мх.П.