Во реванш натпреварот за една седмица на „Сантијаго Бернабеу“ екипата на Јувентус ќе ја брани стекнатата предност (2-1) од првиот полуфинален натпревар со Реал Мадрид.
– Пративме јасна порака во Европа. Сакаме пласман во финалето, го посакуваме натпреварот во Берлин. Рецептот за реванш мечот е вербата во себе за успех и ништо друго. – рече Андреа Пирло.
Херој на „бјанконерите“ беше аргентинскиот репрезентативец Карлос Тевез, кој учествуваше во првиот и го постигна вториот погодок.
– Тевез е роден шампион. Тој е вистински пример како еден професионален фудбалер треба да се бори за екипата. Горд сум на моите соиграчи со кои одработивме се што имавме зацртано пред натпреварот. Нема да биде лесно во Мадрид, но веруваме дека можеме да успееме. – рече Патрис Евра.
Евра и Тевез во дресот на Манчестер Јунајтед 2008 година предводени од Кристијано Роналдо го освоија трофејот во ЛШ победувајќи го Челси на пенали.
Мх.П.