Македонската кошаркарска репрезентација на успеа да се квалификува на Евробаскетот, откако заврши на последната четврта позиција на табелата во групата. На ЕП патуваат Русија, Италија и Естонија.

„Црвено жолтите“ во решавачкиот дуел со Естонија победија со 86-84, но не доволно, бидејќи за подобар меѓусебен скор требаше да победиме со двоцифрена разлика на семафорот. Поразот во Скопје, на стартот од квалификациите се покажа фатален за нашите кошаркари во борбата за едно од трите места на табелата.

Македонија многу лошо ја одигра прва четвртина која ја изгуби со 27-18. Играта се поправи во втората, но и таа им припадна на естонците (22-20), за предност од 11 поени на полувремето. Избраниците на Александар Тодоров драстично се поправија третиот и четвртиот квартал и направија пресврт, кој донесе триумф, недоволен за пласман на ЕП.

OhridNews