Американската актерка Сара Џесика Паркер и нејзиниот колега Пирс Броснан моментално во Њујорк работат на снимањето на новиот филм „I don’t know how she does it“. Светските медиуми веќе со денови шпекулираат дека на повидок е нова љубовна приказна помеѓу популарната актерка од „Сексот и градот“ и поранешниот Џемс Бонд.
Иако официјално се само во професионален однос, медиумите последниве денови биде преплавени со информации дека освен заедничките сцени тие делат и меѓусебни симпатии. Сара зад себе има еден брак со актерот Метју Бродерик, од кого се развела минатата година. Од тој брак го има синот Џејмс, како и близначките Мерион и Табита кои им ги подарила сурогат мајка.