Романот “Златни обетки за Марија” претставува мошне сериозно дело посветено на темата археологија и во него се содржани бројни ликови, судбини и настани. Писателот Шипинкаровски оваа ретка и необична тема ја обработува на мошне специфичен, суптилен и сеопфатен начин.
Книгата “Златни обетки за Марија” е четиво кое со задоволство ќе го читаат не само младите, туку и возрасните читатели.
Минатогодишен добитник на наградата “Струшко изгрејсонце” беше писателот Киро Донев за книгата “Театар без билет”.