Пиштолот на британскиот морепловец и истражувач Џејмс Кук бил продаден на аукција во Сиднеј за 227 илјади долари. Пиштолот изработен од месинг на произведувачот Континентал Флинтлок, бил произведен на почетокот на 18 век во Холандија, и е еден од ретките лични премети на славниот истражувач, кој пред речиси два и пол века за Велика Британија ја освоил Австралија.

Аукциската куќа „Лески аукшнс“ навела дека пиштолот бил во сопственост на семејството на Кук повеќе од 200 години и дека претставува симбол на односот на морепловецот со Австралија. Меѓутоа, не е познато дали го носел кога за прв пат стапнал во Австралија, до чиј брег пристигнал во април 1770 година.