Писма: „Ај пуст да е пуст да би останал животот кучешки“
16.08.12 14:30
Дебрца. Првата слободна територија во Република Македонија. Местото каде што е формирана Првата Македонска ударна бригада, каде што е формиран иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Област која многу дала за самобитноста на Македонскиот народ, област која дала многу комити, војводи, илинденци, партизани….професори, академици, министри, пратеници, гувернери, вице премиери, премиери…
Е токму таа област, од идилично место за живеење, стана лулка на криминалот во современото живеење. Во последните три години, кривичните дела против имотот, пораснаа за неверојатни 80 %. А се краде се и сешто, од старо железо, бакарни предмети, земјоделски производи, казани, гориво, земјоделски машини, кучиња… Кога се прашувате што е причината за ваквата состојба, како е можно да има толкав пораст на криминалитетот во овој крај, постои само еден логичен одговор. Полициската станица во Издеглавје. Полициска станица која континуирано опстојувала повеЌе од 200 години. Полициска станица која што постоела уште од “Турско”, која постоела и во “Српско” и во “Италијанско”, која што продолжи да постои и во СФР Југославија, па и после осамостојувањето на Република Македонија, која што го спроведуваше јавниот ред и мир и влеваше некаква доверба и сигурност кај населението во една од најголемите Општини во Република Македонија, замислете едноставно веќе не постои. На една толкава територија од 425км2,на која се наоѓа еден од двата аеродроми во Р.Македонија, со население од околу 5600 жители, нема редовна присутност на заштитници на јавниот ред и мир.
На пријава на нарушен јавен ред и мир или некое кривично дело, од страна на локалното население, доаѓаат службени лица од СВР Охрид и тоа ако се има поголема среќа во наредните неколку дена после пријавата, а ако не “кога ќе имале гориво”. Ги нема повеќе ниту на спортските натпревари, затоа што “било премногу далеку и не било исплатливо”! Па нормално сето ова оди во прилог на престапниците и криминалците, кои што најдоа погоден терен за остварување на своите цели. Станавме познати дури и за околните општини од каде доаЃаат собирачи на старо железо, кои што крадат се и сешто.
Објаснувањето на г-ѓата Министерка беше дека министерството немало доволно средства за да ја одржи “во живот” полициската станица, па морала да се затвори. Па добро бе, нели и ние плаЌаме пари на оваа држава? Зарем ние не живееме во Р.Македонија? А од друга страна гледаме како се градат споменици и се дава бесплатен јавен превоз и тоа само во Скопје. Пари имало за евтини карти за опера и балет во Скопје, кои што ги дава државата, а замислете немало пари за државата да ни ги обезбеди основните слободи и права загарантирани со уставот! Каков Апсурд!
Ова нека биде и отворен повик до најповиканите, оние кои ја водат оваа држава а потекнуваат од Дебрца: вице-премиерот, Претседателот на собрание, министрот за внатрешни работи и пратеникот од с.Издеглавје. Нека излезат малку од Скопје, нека се вратат во родните краеви и лично да се уверат со овој наш проблем, а не само пред избори да доаѓаат и да се фалат за нивното потекло!
Првото новороденче во Струга е девојче Мајката која е од Мислешево на свет го донесе бебето утринава во 7 часот и 20 минути Бебето е тешко 4200 грама, а породувањето беше спонтано И мајката и бебет...
Амбасадата на Република Северна Македонија внимателно ги следи случувањата во Кран-Монтана и е во состојба на подготвеност да им пружи помош на своите државјани, стои во објавата на Фејсбук Во случ...
Рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 јануари 2026 година Како што информираат од Министерството за образование и наука п...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.