Билјана како да не белела платно на охридските извори туку правела лесковачка скара на охридските извори и слушала српска музика. Треба малку да се запрашаат надлежните во градов во што ги претворија Билјанини извори.

Пред некоја недела отидов и видов стварно средено место за разлика од претходните години искосена трева, среден паркот, ставени многу цвеќина и др. Сношти видов маси до хидробиолошки ископани патеки и ставени мостови небаре си во Венеција, урнати ѕидови пред изворите кај што можеше секој да седне и да ужива во ладовината од изворите. Чад на сите страни и наместо да ја негуваме нашата позната охридска староградска музика принудени сме да слушаме српска музика.Треба некој да одговара за тоа што ги направија Билјанини извори во кич и невкус како и многу работи што направија со Охрид кој полека ама сигурно го губи сјајот на историски град.

Жално е што направија надлежните од Охрид а посебно од едно стварно убаво место како Билјанини извори.

И за крај ако сакате да одите на Билјанини извори па после сакате некаде да одите на гости или на кафе во “старата чаршија” земете си резерва облека з’ш ќе се замирисате на скара.

Поздрав од Климент

Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, се ставови на читателите и редакцијата на „Ohridnews“  не сноси одговорност за изнесеното во текстовите.

Од редакцијата