Не можам, а да не реагирам , кога секојдневно пред мене минуваат илјадници возила кои го прекршуваат законот. Поточно, живеам во Лескоец и не го кријам моето име, бидејќи гледам што се случува пред моите очи, на главниот пат Охрид – Ресен. Во текот на една година незнам колку сообраќајки се случуваат и колку повредени има во Лескоец, а од нашата полиција ниту со прст да мрднат.

Сум пробал неколку пати, телефонски сум реагирал, сум барал на капија да ме прими началникот (ама прво ме прашуваат дали се познавам лично). Ама си се чудам самиот понекогаш и си велам : А бре Горане каква правда бараш кога тие истите од МВР со своите “КРАЈСЛЕРЧИЊА“ си пробуваат колкава брзина ќе развијат, 100 км.ч. или 120 …130 …и можеби до 180.

Откако дојдов од Швајцарија поминаа веке 4 години ама се иста слика. Се донесоа закони за носење сигурносен појас , забрана за за зборување на мобилен телефон во возење, ограничувања на брзина во населено место итн, ама како тоа за нашата полиција да неважи. Сакав ова јавно да го презентирам преку вашава веб страница, па нека читателите и целата јавност оценат колку сум во право. Во прилог ви праѓам снимка и слика за доказ што се случува на патот кај Лескоец каде на одредени делови важи ограничување ид од само 40 км на час:


 Горан Ангелоски

Важно:

Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на ohridnews.com и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите. Редакцијата во текстовите на читателите врши само корекции кои не ја менуваат содржината.

Од редакцијата.