Реакција по повод неодамнешното соопштение на Здружението на египќани на Република Мaкедонија

По соопштението на Здружението на египќани на Република Мaкедонија, во која меѓу другото се тврди дека Преамбулата на највисокиот акт не гарантира права и слободи, а во продолжението на текстот е наведена мојата личност, благовремено согласно законските прописи ги демантирам тврдењата на оваа невладина организација за која имам основно сомневање дека не е став на истата, туку став на одредена личност.

Ја известувам Целокупната јавност дека ќе поднесем кривична пријава за навреда поради нарушување на мојот углед и чест, како и клеветење, согласно Законот за кривична постапка.

Легитимна акција е да се даде иницијатива за влез на Египќаните во Преамбулата на Уставот, а истата акција својот легитимитет го црпи од доброволно дадената подршка на граѓаните кои сега ги има над 2000, а тоа е добар показател дека ќе продолжиме со истата во една законски запазена процедура.

Во таа насока, на сите ни е јасно дека Преамбулата има само декларативен карактер, но истовремено истата е и генератор на низа дисриминаторски позиции, особено кога се во прашање Египќаните и помалите етникуми.  Секако за поздравување е донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, но тврдам дека на долгорочен рок единственои решение за рамноправност на Епќаните е нивниот влез во Преамбулата на Уставот на Република Македонија.

И на крајот дозволете ми да потенцирам дека ниту имам ниту  ќе дозволам да имам некои политички ментори, бидејќи никому не сум му политички должник, туку тоа е обратно. Ако некому му пречи мојот висок политички рејтинг ова не е мој стил на дебатирање и ова е последна моја јавна реакција.

Демир Далип
Претседател на Иницијативниот одбор
за египќанско национално единство