По барање
на сопствениците на станови, бев во катастар да извадам потребен документ за
земјиштето кое припаѓа на зградата за да го откупиме според важечкиот Закон, за
кој наголемо ни трубат дека важи само до крајот на годинава. И, што се случи!?

После десет
минути чекање, службенокот ме извести дека не може да ми издаде таков документ
зошто во нивната документација зградата нема ни сантиметар простор повеќе од
она што го зафаќа самиот објект.

Зградата е стара
24 години, со платени комуналии, во цената на станот влезено е и средувањето на
дворното место (кое патем речено изведувачот никогаш не го среди), сами го
средивме дворот и еве 24 години уживаме во него (некаде околу 900 м2) и сега
државата ни вели откупете го местото кое го немате.

За иронијата да
биде поголема, истиот тој службеник ме посоветува да одам во приватен катастар
од каде ќе го добијам потребниот документ но каде ќе треба да платам близу
12.000,оо денари. На мое прашање од каде ќе ги најде тие податоци приватниот
катастар, службеникот реке дека тука кај нив…

Толку, оставам на
граѓаните сами да ја продолжат оваа приказна…

 Авторот познат на
редакцијата