Само би реагирал за одредени проблеми кои сигурно сте ги слушнале мал милион пати, а се однесува на стариот дел на градот.П рво се однесува на проблемот со водоснабдувањето во овој дел од градот, кој е особено изразен во летниот период. Слабиот и променлив притисок,честите прекини на водоснабдувањето и реакцијата на „Проаква“ можете слободнода ги ставите во рубриката верувале или не, или да се чудиш!

Објаснувањата од типот тоа е тоа, не можеме да реагираме, нема дежурна екипа, ќе видиме што е проблемот утре (ако има екипа) Не можам да се изначудам какви се глупости не даваат за објаснување, а повеќе им се чудам на жителиве овде како тоа рамнодушно ги прифаќаат овие работи.

Упатувам едно прашање до првите луѓе на Проаква и градот:Дали жителите
се овде стока или луѓе? Колку пати и години треба да “мукаме”(зборуваме)или не знам што па да преземат одредени мерки?

Второ, за режимот на сообраќај во овој дел од градот. Забраната за движење на моторните возила во периодот од 20 до 05 часот за кого важи? За тамошните жители, за сите останати? Јас колку што гледам во тој период таму се движат возила кои не се во сопственост на тамошните жители. Ако одредени “мангупи” не можат да се движат пешки нека седат дома, а оние кои имаат потреба да се покажуваат со бесните коли и мотори, фрустрациите и комплексите нека ги лечат во соодветна институција.Ги прашувам одговорните луѓе дали и за ова ќе преземат мерки или ќе чекаме да се случи некоја беља, па да се реагира?

Со овие слободно да речам глупости оставаме лош впечаток пред туристите, па после се чудиме зошто не избегнуваат.Смачено ми е на моите пријатели од странство да им објаснувам зошто никој ништо не презема за вакви банални а важни работи. Дали се политички препукувања, нечии интереси или не знам што, воопшто не ме интересира. Плаќам данок,сметки редовно па очекувам да овие засегнати институции реагираат и тогаш кога треба и се бара од нив, а не само пред избори или кога некоја беља ке се случи. Не се тие за себе таму, туку за граѓаните кои и ги плаќаат всушност, па ако не се способни нека се тргнат.

С.П.
идентитетот познат на редакција