
А сеа-јадени прејадени најмрсно за нова година и сите дни по неја си играме верници во најтешките пости и пак за Бадник посни јадејна прајме, та ушче лепче со паричка. К’де се чуло, видело?!
Невидено лицемерие…
Нејсе, дел’ми коледа је-та рекетарите од зори буфтет по вратите, пеет кој ’сива,сива голобицеж, кој ’коледа, бабо , коледа и завршфет со закана-ќе дајте, али не? И наместо со посно-орај, костени ал јаболко…жена ми им дават чукалада, разноразни бонбони, киви, мандарини …и по десетденарка! Адет било! Чиј?
А да го опитам Славета плаушки, одн.Тимотеј кичефско-дебарски, гла’ не ти вртит а камоли да ти прогорит! Аџиба тој ’и знајт адетите,и аку је тука еден черек век, добрутро никому не рекол а камоли нешчо да научит ал прифатит од старите обичаи на Охридската ни цркоф!
Е,сеа да спомениме и за тој Бадник и огнојте до небеси, та кум бадникарски, та пијајне ракија.. и какви не ти работи. Се знајт оту на Бадник , вечерта спроти Рожџеството Ристозово си се собират саде фамилијата дома, се јајт посна вечера- споменаф питулици посни и в огон- огнишче се фрлет ветки смрекои ал пенушки, а смреката фрлат искри, наоколу и та зато не се спијат, се сејт буден дан се запалиит нешчо наоколу.
Зато оттука мојт да је и името Бадник- будник! Сабајлината се ојт цркоф имат служба, пеејне та се честитвит со Ристоз се роди Навистина се роди, људите се причествет, си ’и прошчет греојте и завршфит постот строг! И каква паричка во лепче, комат ал глупости…се знајт паричката се клават во тепејнца за Стара Нова година, кој ќе је најдит тој ќе имат к’смет целата година.
А сеа прајме сфе испревртено. Зато и гдин гдин Стефан годинава не дошол на Бадник!
Владо Жура
текстот е пренесен изворно на охридски дијалект












