Моето секојдневие…и секојдневието на сите кои живеат во Воска, во овој прекрасен, а запуштен и заборавен дел од градот се овие слики… Дали некогаш некој од општина Охрид се запрашал како е да се поминува низ депонија секој ден, а единствено што сакате е да прошетате и да вдишете свеж езерски воздух?

Прво што ќе осетите е силната смрдеа што се шири… значи тука не станува збор само за тоа што ние жителите гледаме и мирисаме, туку има еден куп туристи кои доаѓаат во групи во хотелот Мизо, а кои одбираат да одат пешки преку патеката на калето до градот… и што да видат?

Купишта смет расфрлан на сите страни ….смрдеа…чекориш низ кеси и што ли уште не…трската е целосно прекриена со отпад…каде се тие наши еколошки друштва? Каде се тие наши одговорни луѓе кои се задолжени за овој проблем? Како не им е срам во општината да објавуваат повик за видеа за градот Охрид и неговите убавини, кога освен потегот во централното градско подрачје и делот кој се изгради накај Горица, ништо друго ниту направиле, ниту зачистиле…каков Унеско? Вака ли ние заслужуваме во Унеско?


Кој дал дозвола за овие контејнери да се постават тука, кога ова е прва езерска линија и никој не живее тука…чиво е ова ѓубре? Зарем од цел град треба да се носи ѓубрето тука? Ставиле 5 контејнери…срамота….срамота! Овде не треба да има ниту еден контејнер… не сме должни да го гледаме, мирисаме и газиме ѓубрето на луѓе кои доагаат со чамци или автомобили од којзнае каде и фрлаат насекаде.

Ова е Охрид што јас го гледам секој ден…ова е Охрид што нашите деца од овој дел од градот го гледаат секој ден…ова е Охрид што туристите го гледаат секој ден. И фотографираат …многу пати ги гледаме кога фотографираат за да им покажат и на другите како изгледа-„еден ден во градот со културно наследство”.

100 пати да се испратат фотографииве пак ништо нема да направат градските власти …ветуваат кога требаат гласови, а после забораваат.. направија патека низ калето…зошто не се направи еден малечок парк со клупи овде? Нели би било убаво да се тргнат контејнерите и наместо ѓубре да лета, да се засадат цвеќа…да се среди онака како што го средија кејот…или премногу бараме?

Поздрав од градот Охрид, град на УНЕСКО…. нашето видео ќе биде од оваа страна, баш ваква како што е, зошто ова е УНЕСКО за нас секој ден!

Н.Р.

Авторот познат на редакцијата

 

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите