Има ли некој жив што ќе стори нешто и ќе им каже на газдите на кафичите дека го имаат заземено целиот плоштад. На што личи тоа човек да не може едноставно да помина на плоштадот. Срамота. Кога ќе се наполни градот со туристи ќе вртиме од околу по улици за да стигнеме до езеро.

Не веруваме дека некој ќе успее да им нареди на кафанџиите да ги повлечат терасите на старите места. Прочитавме ќе имало некаква интервенција за да се повлечат, е па ајде да видиме кој ќе го стори тоа,  да видиме кој не е корумпиран.


граѓаните бараат ред на плоштадот

Пријателите од другите градови не нарекуваат нас охриѓани, најдивите луѓе во Македонија, кои не знаат да го ценат својот град и природните убавини. Мислиме само на пари, и забораваме на се друго, па затоа можеби другите со право ни лепат такви етикети. Сепак ние нема да дозволиме никој да го запусати најубавиот балкански град.

група револтирани граѓани

Важно:

Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на ohridnews.com и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите. Редакцијата во текстовите на читателите врши само корекции кои не ја менуваат содржината.

Од редакцијата.