Охрид во месецов што изминува беше домаќин на сениорското ракометно првенство, кое речи си помина незабележливо.

На прашањето: Дали Охрид го искористи ЕП за промоција пред земјите учеснички на ракометниот турнир?, во нашата редакција притигнаа голем број на реакции од кои ја издвојуваме реакцијата на Иван Чекиќ .
“Европското ракометно првенство што се одржа во Охрид и Скопје во организациски поглед горе – долу помина во ред. Но, ако се зборува за промоцијата пред странските гости ( ракометарки, навивачи и сл. ) не се покажавме иако нашите усти – што на политичарите, што на “туристичките работници” се полни со разни пофални зборови за тоа колку сме ние познати, афирмирани, дека цела Европа знае за Охрид, а фактички сликата се сведе дека мнозинството граѓани во Р. Македонија имаат црно – бели телевизори?!


Ја имавме честа да престојуваат во нашиот град репрезентациите на Норвешка и Данска – скандинавските ракометни веле сили и во туристичка смисла како држави и туристи – големи туристички потросувачи, а никој не се потруди – ниту од РФМ, ниту од луѓето кои сакаат да се нарекуваат и да бидат почитувани како туристички екперти, да направи конкретен чекор во насока овие, а и другите репрезентации кои беа учесници, да не посетат повторно согласно нивните изјави дека Охрид им оставил многу позитивни впечатоци. 


Знаеме со што се располага Охрид и колку може да понуди за спортскиот туризам ( современи и модерни хотели, национален парк и природа, спортска сала ) меѓутоа сеуште туристичките перцепции се во погрешна насока и се сведуваат на “бомбастични” најави од типот “следната сезона ке дојдат не знам руски туристи, Израелци, Холанѓани во огромен број”, а фактички ситуацијата е живуркање од денес за утре и наоѓање на виновниците секаде, само не во сопствените редови. 


Во поглед на шансата која ни се указа, а за која многумина би вложиле огромни средства и напори да ја имаат , Европското ракометно првенство, се покажавме како тотални аматери, пасивни набљудувачи, очекувајки ја најавената поплава од 5000 и повеке гости во која и никој не веруваше. Освен спотовите кои се емитуваа на
Македонската Телевизија, конкретно во Охрид, со ништо друго не придонесовме да информираме за Европското првенство ( со чесен исклучок на Вас од спортската редакција на Охридњус каде можеа да се добијат сите информации), со ниту еден билборд од влезот на Охрид од двете страни и што е најинтересно, таа ситуација ја воочивме кога првенството влезе во самата завршница. 


Штандот или подобро речено тезгата за сувенири во спортската сала не беше полн погодок бидејки кога се увиде дека сувенири воопшто не се продаваат, а нашата желба за промоција е “неизмерно голема” требаше тие да се делат бесплатно на странските гости и навивачи ако сакаме барем да им оставиме некаква импресија дека биле во Охрид и дека  се добредојдени повторно да не посетат.


Според мене, требаше уште пред почетокот на првенството да се формира определено тело или одбор кое ке ги обедини РФМ, ЕХФ, туристичките работници и сите инволвирани страни во првенството кое ќе работеше и ќе настојуваше промоцијата и прикажувањето на Охрид да биде во најдобро светло, а секако и ше настојуваше од сето тоа да се извлечат позитивни искуства и да се отворат можности за повторна посета и соработка.

Вака, како што се се` заврши, останува фактот дека сеуште не сме дораснати, во туристичка смисла, да излеземе во пресрет на вакви големи манифестации кои кријат голем туристички потенцијал, туризмот тука сеуште се поистоветува со онаа народната ‘Купи ден, помини”  за огромна залост на сите нас кои отворено размислуваме и се залагаме за промени.

Важно:

Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на ohridnews.com и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите. Редакцијата во текстовите на читателите врши само корекции кои не ја менуваат содржината.

Од редакцијата.