На тезга на охридскиот пазар се продаваат опасни ласери, кои ги горат рацете на децата. Внимавајте!!!

-Мојот син (14 години) вчера купи ласер за 650 денарри  од  охридскиот пазар. По пат кон дома ласерот престанал да работи, се вратил кај продавачот, му го сменал и му дал друг. Дома дојде и светеше, кога во еден момент вресна и го фрли на земја, извикувајќи ласерот ме изгоре! Станав и видов изгореници на раката. Бев запрепастена, пуштив рака да се уверам, ласерот гореше и нормално престана да работи. Го расклопивме со крпа и ги извадивме батериите. Денес отидовме кај продавачот да се пожалиме за опасниот производ,  да му раскажеме дека продава опасни и неисправни играчки. Дрзок, безобразен, крајно невоспитан почна да му вика на моето дете: „Шо сакаш бре ти!! Еднаш ти го сменав, повеќе не доаѓај, ајде бегај!!!!!” Вчудоневидена и стаписана онемев. Во еден момент реков: „Господине зошто му викате на мојот син, јас сум му родител кажете ми што имате мене”…..„Не ме интересира ништо, штом се расипал ласерот тоа е ваш проблем”, викаше дрскиот продавач на цел глас во охридскиот пазар. Му појаснив дека ласерот е опасен и му ги изгоре рацете на детето. Викаше: „не е точно, не ме интересира, којзнае што правел вашиот син….. Бидејќи викаше и навредуваше,  почитувајќи го правилото „попаметниот попушта”, заминав од тезгата, но кажав дека ќе ги запознаам сите инспекциски служби со овој случај, како и јавноста  за да знаат и да внимаваат каде и што купуваат…..Се работи за првата тезга, кога ќе влезете на главниот влез во охридскиот пазар, пред вас се појавува прва од лево, црна покриена тезга.

И  како што реков така и сторив. Ја информирав пазарната инспекција и очекувам сите инспекциски служби да извршат контрола и да видат што се продаваат нашите тезгаџии?

Што е легално, а што не, од каде ја увезуваат робата, зошто не издаваат сметки?… Каде да се жалат измамените и оштетени купувачи?, прашува новинарката Соња Рилковска во отворено писмо до јавноста.

Соња Рилковска-Новинар