Ја читам последната издадена колумна и не можам да сфатам како може една индивидуа да се дрзне и да се стави себеси над илјадниците луѓе кои се МАКЕДОНЦИ како и таа, а кои според неа не треба да се сметаат за такви само затоа што не живеат на своите родни огништа. Со таквите пишани зборови верувајте дека длабоко се навредени чувствата на многу повеќе луѓе отколку што се спомнува на крајот на колумната обидувајки се да се исплакне малку од истресеното погоре. Без разлика дали некој отишол  да живее во странство пред сто или пред една година тој ако се чувствува како македонец и ако јасно пред цел свет тоа гордо го кажува, никој не може тоа да го суди и тоа има да СЕ ПОЧИТУВА!

А за причините кој зошто заминал не е битно,  каде некој ќе живее и тоа не е битно затоа што такви работи се лични и само лични никоја нема право да го пика носот таму и да коментира. Исто како што е  лично нејзиното право на избор. Јас сакам само да ја прашам како ќе им ги објасните нејзините ставови на стотиците илјади ПРОТЕРАНИ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА кои според нејзиниот став исто како и другите се издајници на Македонија!

Јас ја разбирам нејзината лутина и огорченост бидејки до скоро бев во иста каша, но ако сакате да живеете “подобро”, повелете дојдете во ветените земји, поживејте некоја година и после би сакал да чујам што би имала да каже. Или можеби пробала па не и успеало, па ако е тоа причина, и посакувам од се срце да добие виза за што подалеку, да ги однесете нејзините деца и сопруг во убавините на туѓината и после некој месец ќе ги поканам да ми бидат драги гости во мојот дом и да ми ги повтори истите зборови што сега ги кажа во колумната, ама отсрце, со резиме на крајот за тоа како ќе се чувствува.

Плука по македонците кои не живеат во Македонија, плука по сите заложби и борби кои тука се водат со другите непријателски лоби групи, плука по стотици македонски патриоти кои буквално целиот живот го посветиле за Македонија, ама неа и се анонимуси бидејки ги нема на А1 или Сител? Зарем ако Австралија не ја признала нашата држава под уставно име за неа значи дека таму македонците не се доволно добри македонци или не се борат за Македонија?

Сега ќе продолжам со литературен охридски заш ми појќе инспирација за пишење така ми идат и малку подиректно.

Колумнистот по презимето претпоставувам дека е од Струга или струшко, или барем нејзиниот сопруг, па би ја прашал нешто. Конкретно за купвењето на имоти: на пример имате имот во Долна Белица или дуќан по чаршија и го продавате. Да речеме дека дуќанот коштат петстотини илјади евра и идам јас со толку пари да го купам, ама идат и некој на пример од Велешта со милион евра. Јас одма знам на кому ќе му го продајте дуќано. Патриоти или лаком газ, а? И после тие шо се странство не ја сакет Македонија заш не давале пари да ги задоволет лакомите газој. Или можда не сум во право… Можда се сменало, не знам, така беше дури имаше ниви и дуќани за продавање.

Лани дојдов дома и едвај стигнавме со МАТ, сенќир во Занзибар идавме, а кога требаше да летаме за назад, да немав пријатели тешко во авионот ќе влезевме, ако карти си имавме. И за то се криви македонците шо се во странство. Ама аку, пак ќе дојдам заш ништо не мојт да ме спречит па ни МАТ да си ги видам својте, шо вервите единствено ми фалет покрај Охрид и езероно. И како стотици други таму ќе потрошиме тро појќе пари таму ќе частиме и ќе купвиме работи, не заш вие таму немате пари, туку така ќе ни е полесно на душата кога ќе требит пак да се откорниме од домот, неможам да ти објаснам, ела странство па ќе разбериш. А тие пари останвет во Македонија, за нечии плати, за некој да живит. Само една фамилија кога ќе дојт дома на одмор, остават пари колку шо најмалку земав плата за цела година таму на работа ако не и појќе, а имав уба плата. Заш то не го кажвиш.

Ај кажи ми искрено, со колку од роднините таму сте искарани и со колку имате муабет. Пола-пола или појќе на полошото, а? Зато послушај ме и ела си ваму за да ти фалет. Овдека имат да ги засакаш и четвртите брачеди. Зато не зборви дека ние сме ги заборајле, не Вие сте ги заборајле зас со појќето сте искарани, очи ќе си ископате за пенџере, за пенкало. Дој тука и напрај неколку велигдени или бижиќни ручеци со никого, ни мајка, ни татко, ни сестра, никој, па после кажви. Или си им љута на некој шо не ти пуштет поклони… можда.

Имињата шо им ги клавет тука не се проблем, заш таква е околинатаи сите шо имет такви имиња пак се македонци, проблем е шо таму им клавет такви имиња на децата, заш таму не е ваква околината. А уствари ни таму не е проблем. Шо ако му дајш некому наше име, а тој после станит грк или уште полошо.

А јас овдека си купвам македонски ајвар и агроплод кафе, кратошија вино, Скопско пиво, македонско сирење, пелистерка, витаминка зачини и све наше не заш немат поубај, заш нашите ни се послатки, ако се и поскапи, ама наши се, елај си ваму и ќе разбериш. Имат и бурек, кисело млеко дома си квасиме заш таква работа не јадет канаѓаниве.

И за крај да завршам заш ми се спијат, утре сум на работа: кога ке сретниш некој шо е втора-трета генерација роден во Америка, Канада, Австралија или без разлика каде и ако тој ти речит на македонски јазик дека е македонец и ако се викат Џо, да го гушниш и да го поштоваш, заш тој и после сто години живот усвета останал македонец и не се асимилирал и си ја сакат Македонија и си ги сакат македонците (и тие како тебе шо пљукет на него). А таму си имаш домашни македонци шо прает така да се осеќаш и така да ти е. Е другиот пат пиши за ними заш „у том грму лежи зец!“

Поздрав од Канада
Никола Р.