Сигурно е дека претстои уште потешка година за туризмот во Охрид, но спротивно од јавното мислење, мислам дека со укинувањето на визите на Охрид му се отвора голема шанса да го пренасочи својот маркетинг и туристичка понуда кон европските туристи.

Со укинувањето на визите, наеднаш Македонија и пред се Охрид станува една атрактивна дестинација за “low-cost” авиокомпании.

Езерото го имаме, аеродромот го имаме, ниски или “Зеро” авионски такси имаме, и сега имаме единствена можност и треба да го направиме тоа што Задар го направи пред неколку години. Аеродромот му беше неискористен и пред затворање кога локалната власт со помош на државата инвестираже 2 милиони евра во промоција на градот и туризмот, и речиси му плати на “RyanAir“ да отвори “low-cost” авионски линии до Задар. Резултатите се неверојатни, после две години за секое евро вложено во промоција, вратени се 40 евра во приход на градот. Оваа вест ја пренесоа влијателни медиуми на Балканот(http://www.b92.net/putovanja/vesti.php?nav_id=379499)

Досегашната промоција и емитување на спотовите “Macedonia timeless” на “CNN“ и други сателитски станици е добар почеток, но сето тоа е цабе ако до Македонија и Охрид нема евтини и директни авионски линии.

Никола Џоџо