Здраво  Охриде,

Еве пак овој од Шведска со Евросонгот или по нашински Евровизијата. Малку реакции после саботното финале на Евросонгот во нашата соседна Србија. Морам да кажам “Алал нека им е на комшииве” каква добра организација и изведба, од сцена до презадоволни лица и коментари на учесници. А и резултатот на финалето и добро познавајќи ја земјата победничка (менталитетот) на таа земја може да се очекува догодина уште по попомпезно и грациозно финале во Москва. Прашањето е дали ќе стигнеме до финалето?

Македонија како што знаеме со исклучок на годинашново издание си се пласираше успешно секоја година во финалето на Евросонгот. До успехот ја доведуваа успешни песни и настапи ама и добрите комшии (со исклучок на некои за жал) со своите гласови па Македонија секогаш баласирала на работ на пласманот во финалето но успешно се пласирала секоја година до годинава. Зошто Македонија не стигна до таму каде што секогаш стигнуваше? Дали беше до песната? Дали до изведбата или до комшиите?  НЕ.

Македонија падна од новите правила. Од правилата што почнаа да важат оваа година и и дават за право на “ПОМОШНАТА ЖИРИ КОМИСИЈА” да нивната фаворит песна  која не се квалифицирала во првите 10 за финалето има право да ја “турнат” како десета и таа да влезе во финалето. Е среќа Македонска ко секогаш ние бевме тие десетите и ние требаше
да си одиме и пееме во Белград уште еднаш во саботата ама пусто жири ја имало ШВЕДСКА како фаворит и затоа МАЦЕДОНИА-ОУТ, СЊЕДЕН-ИН. На табелата подолу се гледа дека Македонија имала дури десет поени повеќе од Шведска, дури и Бугарија имала два поени предност, ама ние државите од Балканот не сме толку атрактивни и важни како една Шведска што покрај што инвестира 200.000 евра во промоција на песната и артистот
низ Европа не успеа да се квалифицира, а  и со бројка на гледачи од 5 милиони во сопствената држава му дава добар аргумент на жирито да одлучи за ваква стратегија и одлука.  Жалосно. Жалосно за Македонија, а  најжалосно за духот на натпреварувањето каде мелодијата се цени од милионите што гласаат за истата а не од некое (бацк-уп жири).

Целта ми е да им одадам само една пофалба и честитки на преставниците на Македонија што ја претставија Македонија во едно убаво модерно светло со убава мелодија (можеше и на македонски, попевлива е) и да се надеваме дека догодина ќе се смилуваат боговите и барем ќе не пласираат до 8 место на квалификацииите па да не не дочека истава судбина каде парите одлучуваат а не мелодијата како годинава.

Погледнете ја табелата:

Игор Јованоски