Од неодамна пристигна вистинската „Билјана“ на Билјанини извори која повеќе децении го красеше дворот на „Отекс“. Треба само да се постави. Како што знаеме скоро исто толку време на Билјанини стоеше скулптура што воопшто не одговараше на просторот и амбиентот. Треба да му сме благодарни на Климе – Четкар што ги постави работите на свое место и го уреди ова култно место. Но, за ова место да биде туристички бренд на Охрид, и гредот и државата треба да направат многу повеќе. Како прво изворите да се реставрираат во природен облик ( приближно како што биле) и да се створи амбиент со доза на мистика што ќе го доближи времето опеано во песната.

Персоналот би можел да се погрижи повеќе да се пуштаат староградски охридски песни, а песната „БИЛЈАНА ПЛАТНО БЕЛЕШЕ“ да доминира. Охриѓани треба да сфатат дека таа песна логички само по себе се наметнува да биде химна на градот. Неодамна дознав дека имало иницијатива за нов амблем и нова песна за Охрид што ќе биде химна на градот. Според мене, а мислам и за многумина тоа е чиста глупост, бидејќи не знаеме како УНЕСКО ќе го прифати новиот амблем, а новата песна и колку да биде убава ќе биде НОВА. Ако историјата ја одредува иднината, тогаш овој случај е неприкосновен од аспект на традиционалните вредности.

Вера Главинчева