Почитуван пријателе,

Далеку си но, неможејќи мојата тага да ја искажам на некој тука зошто не знам како ќе ме разбере, седнав и еве ти пишувам тебе.

Помина долго време кога бевне заедно далеку од татковината. Бевме млади, безгрижни, тајните беа тајни и само наши а, бевме спремни и животот да го дадеме еден за друг.  Се сеќаваш ли кога ти ја расцепија главата кога ги сретнавне грчињата и кога им рече ,,М… ваше!? Те однесов во болница те закрпија но наскоро пак по старо. Дури сега се насмевнувам кога ќе се сетам каков задрогаз беше. Се сеќаваш каде заврши конзервата пиво кога брадестиот ни рече „Где сте јужносрбијанци“. Го погоди точно во челото а потоа во одмерувањето на силите и ние заработивне по некоја расекотина и модринка но за чудо не почувствувавме никаква болка. Голем беше инаетот мораш да признаеш, убави спомени се тоа.

За жал ти и понатака се расправаш се грчињата, со ганчовци како што ги викаше другите, со брадестите и верувам пак не чувствуваш болка, сигурен сум во тоа дека денес инаетот ти е уште поголем зошто целта ти остана иста да се одбраниш и да одговориш на секој напад и навреда, како човек и како Македонец.

Во исто време, овде кај нас, во Македонија никој не ме тепа но душата ме боли, да се чудиш. Сите се расправаат, си подметнуваат, газат по луѓето а замисли од двете страни Македонци, роднини довчерашни пријатели.

Младите оние кои за себе сознаа последниве десетина години, се однесуваат како петли на буниште каде нема место за повозрасните. Тие, повозрасните кои живееле, твореле и ја граделе државата, денес се поизвикани од твоите  грчиња, ганчовци и брадестите.

Но има и такви ,, измачени од стариот систем,, кои наоѓаат место на буништето да се доберат до некоја млада јаричка која носи златни јајца.

Многу денови и ноќи размислувам што се случува со нас, дали сме ние проколнат народ, народ кој со илјадници години страдал, народ кој на прагот на 21-от век не научи како се живее но не научи ни како да се умре. Не научи, не разбра, дека народот Македонски е голем, многу поголем од многу други и офтика ме фаќа кога ги слушам младите петли како зборуваат – Македонија е мала држава…, па кога ќе разберат дека има големи и мали народи а не држави.
Бев убеден дека со време ,,црвчето,, кое постојано не јаде ќе го уништиме но, тоа уште повеќе не јаде, не јаде …

Народот живее во страв и беда, крај со крај неможе да врзе, но да видиш чудо и кога некој умира советот што блиските го добиваат е ,,ќутете има и полошо,,!!??
Се прашувам до кога вака, до кога ,, автомобилот,, ќе го возиме со подигната рачна кочница, гумите веќе чадат, не оди…

Македонија ќе влезе во 21-от век но народот ќе ни остане некаде далеку во 20-от со исклучок на ,,избраните,, кои одамна веќе се во 21-от.

Затоа пријателе мој чувајги спомените од младоста, сакајја татковината, понекогаш јави се а модринките оставиги за твоите синови за кои сум сигурен дека имаат ,,кус фитил,, и дека грчињата, брадестите и ганчовците, за една модринка ќе добијат три.

На крајот не можам а да не кажам ,,М…М.. на онај кој прв започна..,, и, дека ќе не биде ќе не биде само троа ум ни фали.

И тогаш и сега луѓе, пријатели, Македонци.

(авторот познат на редакцијата)