По договорот од крајот на концертот на 5.10.2007, се наполни Градски.Уште повеќе од лани. Зашто Тоше така ни порача! Врвулици од луѓе од сите страни. Плакати, пораки, маици. Интересно е што имаше многу момчиња, не само девојчиња.
 
На Градски стоеја платната од лани кога се избираше навивачката химна

Ангел беше на земјата, ангел ќе бидеш на небото!..Исчекување..

И почна.Се изгаснаа светлата, излегоа водителите….

А од видео бимот се појави НАЈУБАВАТА НАСМЕВКА НА СВЕТОТ..и кажа
ВЕ САКАМ, СО СРЦЕТО И СО ДУШАТА !..

Почна ЗАЈДИ ЗАЈДИ…и почнаа солзите..цела публика липаше…и пееше…Се менуваа емоциите…радост, тага, неверување…Течеа песните…а нашиот хор пееше со сета сила…и со поглед кон небото..таму беше сцената која за нас беше важна..таму беше нашата ѕвезда водилка. Се редеа песните….Има ли песна, Ој девојче девојче, Јовано Јованке….Се менуваа фаци на сцената…ама залудно…во нашите глави одзвонуваа неговите најави на  песни,неговите изведби, неговите коментари…ние пеевеме по негова интонација..не слушавме што тие имаа да кажат…некои беа добри, некои просечни, некои збунети,..ама не беа важни..тие беа само статисти на  крајот на ѕвезденото небо,кое го создававме за тебе, НАША ИКОНО,ТАЈНО НАША, СОЛЗО ,ЉУБОВ НАША НАЈГОЛЕМА!


 
Велат,што не го поканиле овој,  што не дошол оној….неважно.Тотално неважно.  На Градски беше ТИ и бевме ние, твоите следбеници…илјадници срца што тебе ти ги подаривме, илјадници грла што само за тебе пееја,да слушнеш,да се радуваш, да се гордееш со нас.


И што се криви оние на сцената кои не сфатиле дека е чест да си дел од тоа и затоа треба да ја знаеш песната, тие не ја сфаќат твојата големина! Што се криви оние на сцената што сакале да ти испеат дека секогаш ќе те сакаат, а едвај глас знаат да пуштат! Што се криви оние на кои им дале да пеат “погрешна ” верзија на нашата антологиска молитва “Громови на душа ” со која ја делиме со тебе болката од која нема да оздравиме, и љубовта која дури сме живи на тебе ќе ја трошиме…Важно е дека ние знаевме се, од почеток до крај..од молитвите на Мајка Тереза до Игри без граници…Дека ти ги подаривме душите, срцата,ти беше жив со нас. Ќе ти го чуваме твоето Малечко,ќе бидеме секогаш со него.
А тебе ќе те сакаме до вечноста.
 
Фановите на Тоше