Во нашата редакција пристигнуваат бројни писма кои се однесуват на Грчко-македонскиот спор за името. Граѓаните чувствуваат потреба јавно да го искажат своето мислење во врска со ова актуелно прашање. Нашиот редовен читател од Шведска, Игор,  го презентира своето гледиште на случајот како реакција на писмата на Сашо А. и Ирена:

Морам да се сложам со двајцата. Иако не во целост. Како прво Сашо, не може човек така лесно да се само откаже од нешто што бил и е цел свој живот. Како јас ќе им објаснам на децата мои дека не се повеќе  македончиња туку “нови македончиња“ или “северни македонци” Мислам секоја промена на името Македонија не е прифатлива според мене. Никому нема да му одговара како и да се прекрстиме.

Решението е во рацете на народот, не во рацетете на политичарите. Ама не со камења фрлање, кршење и  тепање. Тоа само ќе не уназади. Само бојкот на народот спрема грчките производи и фирми ќе не спаси од овааа мака. Место на плоштад да се протестира нека се оди во “Космофон“ и нека се откаже претплатата, нека се точи бензин во други бензински него на “ОКТА“, нека се купува во други продавници него во “Веро“. Никој нема да стане посиромашен од тоа. Само џеповите на грчките газди ќе бидат попразни. Па зошто да им ги даваме парите нив кога тие нас не’ не почитуваат. Па таа грчка политика кон Македонија ја уназади нашата држава со многу години. Прво со блокади, па после со една активна политика која ја водат во ЕУ и НАТО. Па чуди се ти после Македонче зошто еден народ како македонскиот од 2,5 милиони луѓе мора да бара виза за да влезе некаде во ЕУ, а осум милиони романци и уште толку бугари си се шетат низ Европа како  сакаат. Па ние мораме да сме некој страшен народ така што се плашат од нас. Не! Политика е тоа.

Само со паметна политика кон Грција ќе можеме да излеземе на крај со овај проблем. Ја поздравувам идејата на Ирена за наплатување транзит кон Грција. Не само што ја поздравувам ја ОБОЖУВАМ. Да ги удриме грците по новчаникот па нека се жалат после тие до својата влада. Само треба сите да сме еденствени ако сакаме тоа да се оствари. Не смееме да попуштиме ни народ ни влада.  Само бојкот кон Грција ќе не спаси од промена на името.

Игор Јованоски

Важно:

Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА се ставови на авторите и редакцијата на ohridnews.com не сноси одговорност за изнесеното во текстовите. Редакцијата во текстовите на читателите врши само корекции кои не ја менуваат содржината.

Од редакцијата.