Ирскиот актер Питер О’Тул, на пошироката публика познат по улогата во филмот “Лоренс од Арабија“, изјавил дека ја завршува својата актерска кариера и дека се повлекува од филмот и театарот.

– Време е да се поклонам и да се повлечам од филмот и театарот. Желбата ме напушти. Повеќе нема да се вратам, вели 79-годишниот актер.

О’Тул кој живее во Лондон, вели дека кариерата во текот на која бил осум пати номиниран за Оскар, но никогаш не го освоил, му донела поддршка од публиката, душевно исполнување и материјална сигурност.

– Ме спои со фини луѓе, добри пријатели со кои ја поделив неизбежната судбина на сите актери, исполнета со неуспеси и хитови, истакнува Питер.

О’Тул изјавил дека сега ќе се посвети на пишувањето од третиот том од своите мемоари.

Своето соопштение го завршил со зборовите:“Се поздравувам со својата професија без солзи во очите и со длабока благодарност“.