Ракометарките на Вардар во Ѓер во реванш натпреварот од 1/4 финалето во Лигата на Шампиони нема да ја бранат предноста (24-18) стекната по убедливата победа пред своите гледачи.
– Одигравме фантастичен натпревар во одбраната, одлично се движевме во двата правци и со тоа стигнавме до победа што беше апсолутно заслужена. Наша задача ќе биде да ја повториме истата игра во дефанзива, додека кога станува збор за нападот, свесни сме дека има простор за напредок. Работевме напорно во овие денови за одговор на нивната одбраа 6-0 и 5-1, нема да откривам премногу детали, но верувам дека ќе бидеме подготвени за она што Ѓер ќе го игра в сабота. Сигурно дека атмосферата ќе биде фанатична, но најважно ќе биде ние да играме онака како што знаеме. Доколку ние сме на она ниво на кои што посакуваме, Ѓер нема шанси да ја достигне големата негатива. Ние нема да ја браниме предноста, патуваме во Унгарија за повторно да победиме, тоа е единствената правилна математика. – рече Јан Питлик, а пренесува „Екипа.мк“.
„Црвено црните“ реванш натпреварот во четврфиналето го играат в сабота во 16 часот.
Ohridnews