Црногорскиот репрезентативец Адмир Пелидија најново засилување на ГРК Охрид.

Пелидија (195цм, 112кг) има 29 години и игра на позицијата пивот, а во Охрид ќе го носи дресот со број 11.

Меѓу „Гладијаторите“ доаѓа од Ал Аин Емирати, а претходно настапувал за Бузау (Романија), Билер (Франција), Алкобендас (Шпанија), Горажде (Бих) и Рудар Пљевља (Црна Гора). Има повеќе од 15 настапи за сениорската репрезентација на Црна Гора, како и за сите младински категории.

OhridNews