Утре во црквата Св Софија по повод Денот на Сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј ќе се одржи пијано концерт и изложба.
Настанот ќе започне со изложба на уметнички фотографии на Славчо Малезанов насловена „Охрид во духот на средниот век“, потоа филологот проф. д-р Димитар Пандев ќе раскаже за животот и житието на Солунските браќа, по што ќе настапат ученици од ОМУ „Методи Патче“ во класата на м-р Даниел Чуркоски. Гостинка на концертот ќе биде пијанистката Викторија Митеска.
Почеток е во 19 часот, а влезот е слободен.
Настанот е поддржан од Македонска православна црква, НУ „Охридско лето“, Општина Охрид, Почесен конзулат на Република Србија во Охрид, Ресторан Св. Софија, Хотел Метропол и Културолошка иницијатива 5 до 12.
OhridNews