Лидерот на табелата во Серија А, Јувентус се врати на победничките патеки совладувајќи го тимот на Каљари со 4-0 пред своите гледачи.


Но, пресконфенрецијата после натпреварот на Масимилијано Алегри привлече повеќе внимание од победата над Каљари во петтата рунда шампионатот. Тренерот се осврна на Миралем Пјаниќ и неговата споредба со Пол Погба.

– Потребно е малку подолг период за сите работи да дојдат на свое место. Не се лажеме дека Миралем Пјаниќ е Пол Погба, бидејки тоа се сосема два играчи, како физички, така и технички се различни. Пјаниќ ги пропушти првите два меча, но одлично може да одигра како една десетка на теренот. – рече Алегри.

Францускиот репрезентативец, Погба се пресели за рекордни 105 милиони евра во Манчестер Јунајтед, а Јувентус за 35 милиони го доведе Пјаниќ од Рома.

OhridNews