Фудбалерите на Рома пред своите гледачи во 29-та рунда од „Калчо лигата“ го совладаа Наполи со минимални 1-0 и ставија точка на серијата без победи.
Стрелец на победничкиот погодок за „џалорисоите“ беше Миралем Пјаниќ во 25-та минута од првиот дел.
После погодок босанскиот репрезентативец ги „боцна“ навивачите кои ги исвиркуваа фудбалерите пред извесно време.
Со трите бодови „волчицата“ го задржа второто место кое носи директен пласман во групната фаза од Лигата на Шампиони.
Мх.П.