Хрватскиот репрезентативец Марко Пјаца, потврди дека ќе напушта Динамо Загреб и дека се сели во Италија. Пјаца не објави која е неговата следна дестинација, но порталот Index.hr, тврди дека се тој се сели во Јувентус, а трансферот ќе изнесува околу 23 милиони евра, што ќе биде рекорден трансфер на хрватскиот шампион.


„Утре е мојот последен натпревар во дресот на Динамо“, рекол Пјаца, ден пред мечот на Динамо со Вардар, во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, а пренесува „Макфакс“.

Пјаца во 2014 година за милион евра од Локомотива се пресели во Динамо, за „модрите“ има одиграно 60 натпревари и постигнато 19 голови. Беше член на хрватската репрезентација на Хрватска која настапи на ЕУРО 2016.

OhridNews