ВМРО ДПМНЕ e безидејно, очајно и компромитирано и во недостаток на сопствена програма и идеи, се служи со лаги и манипулации со кои го обвинуваат ЈКП Дебрца и градоначалникот Зоран Ногачески за нетранспарентно работење. Oва е реакција на ЈПК Дебрца на денеска изнесениот партиски став на ОК ВМРО ДПМНЕ, дека и покрај одлуката за зголемување на цената на водата за 20%, во првиот квартал посоченото јавно претпријатие за 2019 година има направено загуба во износ од 377.855,00 денари.
Граѓаните многу добро знаат и ги чувствуваат позитивните промени и придобивки од домаќинското работење на Општината и ЈКП Дебрца, преку подобрената комунална услуга, мобилност на терен, завршени и планирани проекти како и набавка на механизација во вредност од преку 200.000 евра, за која не е потрошен ни денар од Буџетот на општина Дебрца. Граѓаните исто така, сеуште не заборавиле колку нетранспарентно и нечесно се работеше под раководството на ВМРО ДПМНЕ. – се вели во реакцијата на ЈПК Дебрца.

OhridNews











