Денеска се играат првите натпревари од Купот на Македонија во фудбал. Од 12 часот на СРЦ „Билјанини извори“ ГФК Охрид Лихнидос се среќава со трикратниот куп освојувач и прволигаш, Силекс од Кратово.
Кратовчани влегуваат како фаворити во мечот, а Охрид се надева на ново изненадување по елиминацијата на Вардар претходно.
За Охрид ова е второ полуфинале во историјата по тоа во сезоната 1993/94 со Пелистер. Охрид таа сезона како второлигаш обезбеди пласман во Првата лига со еден од најсилните состави во клупската историја со Бочески, Каранфилоски, Ѓорески-Џајо, Маркоски, Велјаноски, Силјаноски, Пејовиќ, Гилјан, Незири, Петкоски, Данчо Целски на голот…. Во полуфиналето од купот таа сезона Охрид загуби во двомечот од прволигашот Пелистер 0:4 во Охрид и 2:3 во Битола, а интересно куп титулата таа година ја освои денешниот противник на Охрид, екипата на Силекс.
Во второто полуфинале во Тетово се среќаваат Шкендија од Тетово и Шкендија Арачаиново.
Г.М.













