„Пладневно поетско матине” на кое ќе се чита проза и поезија од пензионери автори од Општина Охрид ќе се одржи утре во просториите на Национална установа Библиотека „Григор Прличев“.

Матинето е организирано од Женски Центар ,,Бисера” од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”, координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.

Настанот е со почеток во 12 часот во Прличевата одаја.

OhridNews