Научниците предупредуваат дека глобалното затоплување предизвикува сè посурови бури и суши и дека светот треба да се подготви за незапаметена навала на смртоносни и скапи природни катастрофи, пренесува „Макфакс“.
Во извештајот на Меѓународниот панел за климатските промени, инаку добитник на Нобелова награда, се наведува дека најголема опасност се заканува на густо населените, сиромашни региони на светот, но и дека ниту една област нема да биде поштедена.
Научниците предвидуваат посилни тропски циклони и чести топлотни бранови, поплави и суши.
Причина за тие непогоди е комбинацијата на климатски промени предизвикани од човекот, поместувањето на населението и сиромаштијата, се наведува во извештајот на 594 страници објавен во среда во Вашингтон.
Некои места, посебно делови на Мумбаи во Индија, заради поплавите, бурите и растот на нивото на морето, би можеле да станат непогодни за живот, предупредуваат експертите.
Други можно загрозени градови за кои сепак постои помал ризик се Мајами, Шангај, Бангкок, Гуангџу, Хо Ши Мин и Калкута.
Девет кандидати во Струга ќе ја водат трката на претстојните избори за градоначалничката функција Меѓу нив Јована Мојсоска од Левица, Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција предводена...
Наскоро ќе започне изградбата на атмосферска канализација на просторот кај градските гробишта, по што ќе следува и целосно асфалтирање, најави денеска градоначлникот Кирил Пецаков при посетата на ј...
Во издавачката програма на „Струшките вечери на поезијата“ од печат излезе панорамата на македонската винска поезија „Дионис и Свети Трифун“ која ја приреди Славе Ѓорѓо Димоски и на фестивалот имаш...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.