Тројца крадци планирале грабеж во американскиот град Сиракуза, кога еден од нив случајно по телефон повикал полиција. Тој го чувал мобилниот во џебот, и не забележал дека ги повикал броевите 911. Тие детално го разработувале планот за грабежот додека се возеле во автомобил, не знаејќи дека целиот разговор го слуша полицијата.


Тие разговарале за можните мети коментирајќи ги местата каде се наоѓаат, а со тоа несвесно на полцијата и дале до знаење каде се наоѓаат. Брзо биле пронајдени и нивниот автомобил бил запрен, а во него биле пронајдени голем број украдени предмети.