Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија, составена од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на Покраинската противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија.

Во рамки на презентацијата беше опфатено подрачјето на делување на противпожарната единица, противпожарната опрема и капацитетите на возниот парк, како и кадровските потенцијали за делување на терен. Во дискусијата беше потенцирано дека во Општина Охрид има неколку критични точки за делување, а тоа е Стариот град, Централното градско подрачје и крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот кон Свети Наум. Беше потенцирано дека Противпожарната служба со 39 вработени, во текот на 2023, 2024 и 2025 година имала вкупно 1280 интевенции од различен карактер и дека има потреба од дополителни кадровски потенцијали особено во периодот на летните месеци, информираат од Општина охрид.

Беше разговарано и за донацијата на едно противпожарно возило која е веќе обезбедена за ова противпожарно друштво, како и за можни идни проекти за дополнителна опрема и обуки за волонтерската единица преку Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада во соработка со Општина Охрид, истакнуваат од Општина Охрид.

OhridNews











