Концесионерите на плажите да ги заменат високонапонските инсталации, со нисконапоснки кои се безбедни за луѓето, бара локалната самоуправа.
-Ќе побараме од плажите кои имаат платформ или мостови и треба да спроведат ел. енергија доколку има контакт на вода да се користи струја не посилна од 12 волти и да се почитуваат мерките за безбедност за да не дојде до несакани работи какви што имавме во минатото.-изјави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, по средбата со концесионерите на плажите на Охридското Езеро, што се одржа деновиве.
Поради високиот водостој голем дел од платформите и монтажните мостови изградени на плажите под закуп се оштетени . Затоа надлежните побараа од концесионерите да извршат замена на старата електрична инсталација, со што ќе се зголеми безбедноста на капачите.
Поради неисправна инсталација на монтажна платформа во септември 2010 година смртно настрадаа тројца стружани, а оттогаш наваму забележани се и неколку други инциденти, за среѓа без фатални последици.