Прамен коса од поранешен австриски цар бил продаден на аукција за 13720 евра, цена 20 пати поголема од проценетата. Праменот му припаѓал на Франц Јозеф Први, кој владеел со Австрија од 1848 до 1916 година.

Најскап предмет на одржаната аукција била слика на кралицата Елизабета која ја насликал Франкс Ксавиер Винтерхалтер и која била продадена за 70 илјади евра.